Конечно дојде и последниот ден од работната недела, па можете да блеснете во супер комбинација во која ќе испиете и едно кафе со пријателките по работните обврски. Носиме стилски фармерки со летни апликации и ги комбинираме со неодолива сина маичка која е толку лесна што ќе посакате да го поминете цело лето во неа. Без двоумење, комбинацијата денеска надополнете ја со сандали на висока потпетица во слична нијанса како блузичката, колоритна чантичка и секако стилски очила за сонце.

Уживајте во последниот ден од работната недела!

Објавено:
24 јуни 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
415 пати