Неодамна македонскиот модел Јована Нешова престојуваше во Милано каде помеѓу нејзините ангажмани, итензивно работеше на својот book со цел да го освои азискиот пазар.

Инаку, од минатата година Јована е дел од агенцијата Model Scouting Office која ни е позната по професионалното застапување на Катарина Ивановска и Елена Реи во интернационалниот моделинг.

Минатата недела Јована престојуваше во Белград каде направи look book за тамошен дизајнер, a до крајот на август треба да замине за Азија каде според договорот, ќе престојува три месеци.

„Покрај убавината и магичната преобразба пред камерите, Јована има и војничка дисциплина и истрајност што само ќе и помогне во нејзината кариера“, вели Алек Наумовски од нејзината матична агенција Моделс ИН од Скопје. 

Објавено:
14 јули 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
419 пати