Големи летни попусти во Елена Лука

19 јули 2016

Од денеска па до крајот на август, вашите омилени дизајнерски парчиња со потписот на Елена Лука ќе може да ги купите со голем сезонски попуст до 70%.

Уникатни свечени тоалети, елегантни деловни парчиња, урбани аутфити за различни пригоди, сега се достапни во ателјеата на Елена Лука во Скопје и Струмица со ексклузивни летни попусти.

Помеѓу богатиот избор на автентични дизајнерски парчиња, со попуст до 70% се и уникатните дизајни од последните колекции на брендот: коктел фустани, кошули, миди здолништа, сакоа, модни додатоци со рачни доработки...

Кошулите изработени од пријатни материјали и украсени со впечатливи манжетни и брошеви, може да ги комбинирате како во вашиот деловен аутфит со класични панталони или миди здолниште, така и во вашиот секојдневен кежуал изглед во комбинација со макси здолниште или џинс.

Макси тоалетите со лелеав крој се идеални доколку сте гостинка на летна свадба или пак за некоја друга летна свечена пригода, а автентичен изглед ќе му дадете и на наједноставното парче облека со рачно изработените детали и модни додатоци.

Објавено:
19 јули 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.803 пати