Балансираната исхрана и внесувањето на квалитетни намирници во организмот е дефинитивно многу важно за здравјето.
Добрата исхрана помага во зајакнувањето на организмот, одржувањето на линијата и ја овозможува потребната доза на витамини и минерали за завршување на сите дневни активности.
Летниот период е време кога косата повеќе паѓа, а и кожата побрзо се суши поради топлото време и сончањето, па токму поради тоа задолжително е внесување на поголеми количини витамини и конкретни намирници кои ќе го спречат тоа.
Ако сакате дополнително да ја зајакнете косата и да ја освежите кожата, тогаш додајте ги овие намирници во вашата исхрана и за многу кратко време ќе ја забележите разликата.
-Печурки за сјајна коса
Без разлика за каков вид печурки станува збор, тие се секогаш одличен извор на витамин Д кој ќе ви помогне да го стимулирате растот на косата. Комбинирајте ги со секое јадење кога и да можете и обидете се што е можно почесто тие да се свежи.
-Бразилски ореви за детоксикација
Овие јаткасти плодови се достапни речиси во сите поголеми супермаркети, а во истите има високо ниво на селен. Селенот е познат како јак антиоксиданс кој помага во борбата против слободните радикали. Токму поради тоа е одличен додаток во прехраната кој ќе ја направи вашата кожа неверојатно чиста и убава.
-Алое вера за здрава кожа
Алое верата е природен лек за акни, а покрај тоа и овозможува на вашата кожа неверојатна хидратација. Таа е одлична и во борбата со постојана иритација на кожата, но секогаш бидете внимателни и користете ја во ограничени количини.
Извор: Modamo.info