Конечно дојде и последниот ден од работната недела и време е да го поминеме во најзабавната комбинација оваа недела. Денеска носиме лежерни широки панталони во неодолива жолта боја и ги комбинираме со розова маичка со ананас апликација. Уживајте во прошетките со овие супер удобни сандалки, а комбинацијата надополнете ја со шик чанта во малку посветла жолта боја, кружни очила за сонце и стилска шапка со која ќе се заштитите од сончевите зраци.

Ви посакуваме супер петок!

Објавено:
5 август 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
353 пати