Последниот ден од работната недела поминете го во стилска црна комбинација украсена со црно – бела блузичка на пруги со црвено срце како апликација во предниот дел. Утрово температурите се малку пониски, но тоа не значи дека не треба да ја облечете ваша омилена кожена јакна која одлично ќе се вклопи со високите кожени чизми што денеска ги обожаваме. Во текот на денот го очекуваме и сонцето, па затоа не заборавајте ги и очилата за сонце, а комбинацијата украсете ја со зимска шапка и едноставна, но кул црна чанта.

Имајте супер петок! 

Објавено:
17 февруари 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
563 пати