Иако утрово се разбудивме со дожд, не дозволувајте ништо да ви ја расипе оваа среќна среда. Денеска носиме ретро „ѕвон“ фармерки и ги комбинираме со слатка бела кошулка и црна блузичка. Одберете и сребрено ланче што ќе ви ја разигра комбинацијата, а денеска обожаваме и реси, па ги има и кај чизмите и кај чантата. Црната волуменозна шапка денеска е задолжителна, а бидејќи времето е свежо, не заборавајте и некое палто.

Објавено:
7 октомври 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.223 пати