Оваа прекрасна сабота поминете ја во стилска комбинација во кафени нијанси кои ние едноставно ги обожаваме. Без разлика каде и да одите денеска, единствено ви се потребни стилски ѕвон панталони комбинирани со едноставна бела маичка. Иако времето денеска би требало да е супер сончево, сепак комбинацијата надополнете ја со модерна наметка во иста нијанса како и панталоните. Украсете ја комбинацијата со модерна етно чантичка и интересно и впечатливо ланче.

Комбинација: Fashion Group

Панталони, наметка: Springfield

Чанта, ланче: Parfois

Модел: Стефанија Андонова

Шминка: Елена Лука

Објавено:
26 март 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
739 пати