Тренд аларм: Кафена шапка + стилски мантил

15 март 2016

Со оглед на тоа што зимата сѐ уште не сака да си замине, имаме само уште малку време да ги носиме нашите омилени зимски шапки.

Денеска ви предлагаме токму таква, во неодолива кафена нијанса и ја комбинираме со супер стајлинг за сите пригоди. Комбинацијата е составена од тесни фармерки во задолжителна светла боја и бохо кошулка со интересен цветен дезен што совршено се вклопува со ова кафено мантилче што е must have за сезоната што доаѓа. Оваа пролет, она што мора да го има секоја една девојка се овие рамни чевли во кафена боја со интересен вез во предниот дел и интересно поставено кожено ремче.

Комбинација: Fashion Group

Фармерки, кошулка, мантил: Mango

Шапка, чевли: Parfois

Шминка: Elena Luka

Модел: Стефанија Андонова

Објавено:
15 март 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.129 пати