Иако се ближи крајот на месец август, тоа не значи дека треба да се збогувате со летото, морето и сонцето... Во надеж дека топлите денови ќе потраат барем уште малку, искористете го секој слободен момент да избегате од жешкиот градски асфалт.
Сосема нормално, во текот на летото некако сите работи уживаме да ги правиме под отворено небо. Ако сте по авантурите, денеска ќе ви прикажеме и неколку фантастични хотели сместени токму под ѕвездите за ултимативен летен одмор.
Имено, креветите на сите хотели што ќе ги видите во галеријата се сместени под отворено небо, но сепак го имате истиот луксуз што го добивате и во регуларните хотели.
Како што можете да замислите, за да уживате во овие хотели ќе треба да издвоите малку повеќе од вашиот буџет со оглед на тоа што истите нудат искуство како ниту едно друго.
Во галеријата погледнете ги фотографиите од најубавите хотели под отворено кои иако се наоѓаат на различни страни од светот, сите ги поврзува единственото искуство!