И мажите сакаат да носат пруги

5 август 2013

 

Пруги се еден од трендовите што може да се забележат како во женските, така и во машките колекции на Долче и Габана, Жан Пол Готје, Томи Хилфигер и Хајдер Акерман. Всушност, кошулите со линии и костумие со пруги се задолжителни елементи од машката гардероба. Оваа сезона пругите се аплицирани на облеката на разни начини – од дебели до најтенки, од класични црно-бели до комбинации од повеќе светли бои. Можеби е наједноставно пругите да ги носите на маици или кошули, не не се задржувајте само на ова. Многу интересно и модерно изгледаат на шорцеви, лесни џемпери и на различни модни детали.

 

 

mens-fashion-2013-stripes

 

 

Објавено:
5 август 2013
Категорија: 
Тренд