Веќе знаеме дека во полн ек е модната недела во Њујорк, каде светски познатите дизајнери ги презентираат нивните нови колекции кои полека, но сигурно ги диктираат трендовите за следната сезона.

Покрај бројните интересни случувања на модната недела, американскиот бренд J.Crew приреди вистинско изненадување на презентацијата на новата, одлична колекција.

Талентираната дизајнерка на брендот, Џена Лајонс на писта ги повика нејзините колеги, пријатели и познаници кои не можеа подобро да ја претстават колекцијата.

Покрај тоа што успеа да ги натера сите светски модни магазини да зборуваат за презентацијата, таа прикажа навистина супер колекција која е можеби и една од најдобрите на брендот досега.

На презентацијата на новата колекција можевме да видиме вкупно 64 „модели“ од кои дел уметници, инженери, келнери, спортисти, а некои и веќе познати на јавноста како на пример блогерката Тами Мекферсон или илустраторката Џули Хоутс.

Со овој чекор таа сакаше на светот да му ги прикаже реалните луѓе кои го обожаваат брендот J.Crew и кои долги години наназад уживаат во нивните дизајни, а истовремено тоа се луѓе од различни социјални групи.

Нив нема да ги видиме во некоја галерија од улична мода на интернет, ниту пак во некоја реклама, туку ќе ги видиме како уживаат во секојдневието во удобните и шик дизајни на брендот.

Она што им е важно на овие луѓе е секогаш да изгледаат кул и лежерно, но и да не ја жртвуваат удобноста по цена на парчиња кои се во тренд, а токму тоа е и описот на модната куќа J.Crew.

Она што дизајнерката го нуди овој пат се фантастични женски и машки лежерни кошули во супер бои, тесни, но удобни здолништа, задолжителен џинс, блузички од тантела, класични кошули за секој ден, уникатни фустани и здолништа комбинирани со неодоливи сатенски чевли, удобни патики, машки стилски панталони, но и многу фантастични пролетни бои.

Целата колекција и одличната идеја за презентација на истата се вистинско освежување во модниот свет во вистински момент!

Објавено:
14 септември 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
274 пати