За време на модниот викенд кој минатиот месец се одржа во Скопје, покрај новите колекции на домашните дизајнери и модни брендови, пред медиумите се презентираа и нашите познати личности кои како гости се појавија во помалку или повеќе успешни стајлинзи. Додека некои очигледно се потрудиле околу комплетното стилизирање на својот изглдед, други направиле смели и невообичанеи комбинации, а трети сосема индиферетно и без некое особено внимание во однос на својата визуелна претстава седнаа во првите редови.
Во продолжение следува изборот и коментарите на дизајнерката Маја Стојковски.
Одлична комбинација во лежерен стил, соодветна за ваков тип на настан. Шик и модерно.
Интересна и невообичаена. Сепак последните модни тенденции на црно-бели комбинации во риги лежат во оваа варијанта.
Одличен избор. Впечатлив фустан со волуменозен долен дел во атрактивна и модерна боја.
Прекрасна силна црвена боја, иако станува збор за елегантна тоалета во романтична линија.