„Пинк Флојд“ повторно заедно!

11 октомври 2016

Членовите на култната група „Пинк Флојд“ , Дејвид Гимор, Роџер Вотерс и Ник Мејсон соопштија дека повторно ќе се обединат, а сѐ поради поддршката на жените од Палестина.

Поточно, се работи за членките на активистичкото здружение „Gaza Greedom Flotilla“, кои се заложуваат за слобода, а врз кои свирепо се однесуваат одбранбените сили на Израел.

Инаку, членовите на „Пинк Флојд“ одамна веќе работат одвоено. Ова повторно здружување сигурно ќе ги израдува обожавателите.

Покрај ова, веќе е познато дека групата во ноември ќе го објават Box Set „Early Years“, на кој ќе се најдат 27 дискови со творештвото од раната фаза на бендот (1965 – 1972). На дисковите ќе можат да се видат концертни и необјавени снимки, филмски адаптации од почетокот на групата, па сѐ до експерименталната фаза.

Групата последен пат настапи заедно во Лондон во 2011 година.

Објавено:
11 октомври 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
210 пати