„Билборд“: Мадона е жена на годината!

18 октомври 2016

Мадона е жена на 2016 година, според „Билборд“. Изборот е направен врз основа на продадените билети за концертите, филантропската работа, заложувањето на човековите права и нејзиниот континуиран статус на најдобро продаван женски изведувач на сите времиња.

Во контекст на ова одат и податоците дека се продадени милион влезници и заработени 170 милиони долари од нејзината турнеја „Rebel Heart Tour“.

-Мадона е еден од малкуте „супер-артисти“ чие влијание и кариера ги надминува границите на музиката. Таа е инспирација на стотици милиони луѓе ширум светот, пробивајќи ги и рекордите и на сопствената кариера. Мадона е симбол за сила, храброст и ширење на границите и ние сме воодушевени што нашата платформа тоа го препознава во сите сегменти и на начин на кој тоа таа го заслужува – изјави претседателот на „Холивуд Репортер – Билборд Медија Груп“, Џенис Мин.

Наградата ќе ѝ биде доделена на гала вечерта – „Жените во музиката“ (Women in Music) што ќе се одржи на 9-ти декември по 11-ти пат во Њујорк.

Објавено:
18 октомври 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
193 пати