Свечена облека во новиот едиторијал на Манго
•
14 ноември 2016
Во пресрет на празничната сезона, шпанскиот бренд Манго го објави својот нов едиторијал со свечена облека.
Едиторијалот е снимен во францускиот дворец Château de Baronville, а акцентот е ставен на јакните и сакоата изработени од кашмир, како и оделата од брокат и глитер здолништата.
Како стилска спротивност на драматичната тантела и капутите од крзно, во аутфитите се комбинирани и плисирани здолништа, фустани во пруги и женствени блузи со врзување околу врат.
Посебен впечаток оставаат широките панталони со машки крој и висок струк, кои комбинирани со женствени прачиња создаваат совршен баланс.