Без разлика на тоа каква комбинација ќе одберете и за која пригода, она на што секогаш мора да му посветите големо внимание се секако чевлите.

Доколку имате малку поголема фантазија, веруваме дека секогаш имате некои интересни идеи и сите комбинации ги украсувате со шик чевли.

Дамите оваа сезона сакаат да носат неколку модели чевли меѓу кои и оние со животински принт кои истовремено се толку модерни и елегантни.

Истите ќе остават вистински впечаток каде и да се појавите, особено доколку знаете вистински да ги комбинирате.

Заедно со едноставен, минималистички капут во нежна крем нијанса и едноставен црн фустан одоздола, леопард чевлите за кратко време ќе ви станат едни од омилените за комбинирање.

Секогаш запомнете дека треба да ги комбинирате паметно бидејќи и самите по себе тие се впечатливи и уникатни, па обидете се да не претерувате со многу принтови или барем тоа да е вкусно.

Доколку сакате да бидете уште повпечатливи, одберете чевли со интересна и необична потпетица, чизми со леопард принт или пак рамни чевли со врвки.

Погоре во галеријата погледнете некои комбинации од уличната мода поради кои знаеме дека многу наскоро ќе си набавите чевли со животински принт.

Извор: Modamo.info

Објавено:
15 ноември 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
373 пати