Што да облечете денес?

21 февруари 2015

Девојки, денешната сабота целосно му ја посветуваме на минимализмот! Без разлика дали денеска имате работни обврски или пак договоривте кафе со пријателките, изгледајте шик со многу малку труд. Одберете ги вашите омилени фармерки од темен тексас и комбинирајте ги со неверојатно едноставен, но секогаш тренди џемпер во темно сина боја. Што се однесува до чевлите, денеска се чини дека ќе имаме сонце во главниот град, па можеби е вистинско време од плакарот да ги извадите вашите балетанки со животински принт. Комбинацијата украсете ја со впечатлив ѓердан во нежни нијанси, а одозгора, повторно стоплете се со хитот на зимската сезона – капутчето во camel боја.

Имајте прекрасна сабота!

Објавено:
21 февруари 2015
Категорија: 
Тренд