Зимски модни додатоци соодветни за секој аутфит

17 ноември 2016

Постојат неколку есенцијални зимски модни додатоци во кои вреди да се инвестира затоа што соодветно може да се стилизираат со секој аутфит. А тоа значи ќе ги носите многу често, па затоа ви препорачуваме да внимавате на нивниот квалитет.

Ултимативен моден хит оваа сезона е крзнениот шал што може да го комбинирате и во дневни и во вечерни комбинации, па добро би било да инвестирате во еден таков што ќе и даде печат и претставителност на секоја комбинација.

Чизмите до глужд на средно висока потпетица се рационален избор за зима, а предноста е што се незаменливо удобни, а истовремено и соодветни за комбинирање во различни верзии.

Романтичните девојки како задолжително модно парче за сезонава сигурно ќе го одберат зимскиот шешир, со кој стилски може да ја заокружите секоја комбинација, независно дали се работи за кежуал џинс со макси капут или тантелен фустан со кратка јакна.

Плетените модни додатоци се класика кога се работи за зимски комбинации. Пред се, се разбира од практичен аспект, но исто така се и совршен стилски додаток со кој можете да „играте" во спарувањето со вашата облека. Па така, на целосно монохроматски изглед, додадете предимензиониран плетен шал во некоја интензивна боја или пак кога имате ден со „лоша фризура" одберете плетена капа со везени детали.

 

Објавено:
17 ноември 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
4.845 пати