Елена Реи во фантастичен проект на француска фотографка

21 ноември 2016

Откако неодамна сними фантастичен едиторијал за венчаници за престижниот Харперс Базар, македонскиот топ модел Елена Реи е заштитно лице на француската фотографка Колин Гаскон.

Таа позираше за нејзиниот фантастичен проект Glow Series – Cinemagraphs кој таа го појаснува како серија фотографии на кои постојано се повторува некое движење слично на видео клип или со други зборови – анимација.

Терминот Cinemagraphs беше создаден од американските фотографи Кевин Бурк и Џејми Бек кои ја употребуваат оваа техника за нивните модни кампањи и фотографии.

„Ова беше фантастично искуство за нашата Елена која во моментов работи на кампања за брендот Булгари, а во Скопје можеме да ја очекуваме во втората половина на јануари“, велат од нејзината матична агенција Моделс Ин.

Она што последно можевме да го видиме од неа беше магичниот едиторијал за венчаници снимен за Харперс Базар на езерото Комо во кој таа изгледа како вистинска божица.

Со ваквиот едиторијал за еден од најпрестижните магазини во светот, Елена Реи само го потврди своето место помеѓу врвните интернационални модели. 

Целиот проект на фотографката Колин Гаскон во кој главната улога ја има Елена, можете да го погледнете на следниов линк.

Објавено:
21 ноември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
641 пати