Дали е ова најубавата божиќна реклама?

Топлите и магични божиќни реклами веќе станаа дел од нашето секојдневие и иако можеби рано, мора да признаеме дека истите се навистина прекрасни.

Најпопуларната реклама досега објавена доаѓа од John Lewis која има повеќе од 10 милиони прегледи на Youtube за само неколку дена.

Овие денови вниманието особено ни го задржа новата реклама на ланецот продавници Marks&Spencer во која главната улога за прв пат ја има Баба Мразица.

Веќе знаеме дека божиќните празници се најубавото време од годината кога најмногу се купуваат подароци, па Marks&Spencer нѝ укажуваат дека тие се совршеното место за тоа.

Во видеото ќе ја видите Баба Мразица како го испраќа Дедо Мраз на пат, но потоа и таа самата има една нарачка која мора да ја достави.

Погледнете ја прекрасната реклама!

 

Објавено:
21 ноември 2016
Прегледно:
4.418 пати