Флорален принт – пролет во зима
•
6 декември 2016
Цветните мотиви веќе сезони наназад се омилен принт во светот на модата. Не постојат ограничувања во неговото имплементирање, ниту во однос на сезоните, ниту пак во однос на типот на облека или пригодите. Па цветен принт ќе забележите и кај спортската облека, венчалните фустани и модните додатоци.
Оваа зима исто така флоралниот е еден од најдоминантните дезени. Го видовме во повеќето колекции на светските дизајнерски имиња, секој со карактеристична естетика и застапен во различен фазон.
Омилени ни се романтичните макси фустани навезени со ситни цветови, како и свилените кошули во пастелни нијанси со цветни мотиви. Ги комбинираме и во лежерен стајлинг со патики како и во свечен аутфит со високи потпетици и шал од вештачко крзно.