Тренд аларм: Во новогодишната ноќ со секси црн комбинезон
•
22 декември 2016
На само една недела пред новогодишната ноќ, продолжуваме со предлозите за тоа што би можеле да облечете и да се чувствувате супер!
Денеска ви предлагаме еден фантастичен црн комбинезон кој иако навидум едноставен, истиот е неверојатно модерен и шик.
Станува збор за едноставен крој на комбинезон со куси панталони и долги ракави што го прават вистински елегантен, но и со интересен отвор кај грбот украсен со нежна тантела.
Покрај новогодишната шминка, украсете ја комбинацијата и со овој црн турбан со везена апликација од страната и едноставни црни високи потпетици.
Комбинација: Fashion Group
Комбинезон, чевли: Mango
Турбан: Parfois
Модел: Соња Граждани
Модна агенција: Моделс Ин
Шминка: Студио Инфинитo