Во пресрет на новогодинешните празници, Fashionel.mk традиционално во соработка со своите партнери организира доделување на супер подароци за своите читатели.
Подароците се комплет сетови од ЕЛИКСИР и Cosmo Tinex, потоа вредни подароци од модниот бренд Елена Лука, парчиња накит од брендот Нина Бокс, супер модни додатоци од „Две шмизле“, а следи и специјален личен подарок од генералниот менаџер на Елена Лука, Елена Пандева.
Која е вашата задача? Многу едноставно! Пишувате креативна новогодишна честитка, а најдобрите добиваат награда!
Веќе од понеделник на нашата Facebook страница започнува доделувањето на подароците, а вие ќе можете да ги оставате вашите најкреативни честитки под објавените фотографии со конкретните подароци.
Среќни празници!
Со почит , Тимот на Fashionel.mk.