Португалскиот бренд Alameda Turquesa во светот стана познат и омилен кај трендсетерките благодарение на балетанките со пом - пом топчиња кои се чини беа омилени на единствената Ана Дело Русо.

Оваа зима, препознатливиот мотив на брендот, колоритните пом – пом детали дизајнерите ги сместија на овие супер чизми во кафена нијанса кои се совршени за оставање впечаток.

Покрај со пом – пом топчиња, чизмите се украсени и со кожени реси кои дополнително ги прават да се уште повеќе посакувани.

Покрај во кафена варијанта, овие чизми доаѓаат и во црна нијанса со малку потемни пом – пом топчиња. Во нивната понуда имаше и темно зелен модел, но поради огромен интерес истите беа за многу кратко време распродадени.

Дизајнерките велат дека оваа студена сезона едноставно не можат да постигнат повторно да ги изработат зелените чизми и дека сите оние што ги обожаваат ќе мораат да почекаат.

Во моментов на нивната онлајн страница достапни се чизмите во кафена и црна нијанса, а ако ви се допаѓаат за нив ќе мора да одвоите 535 евра.

Објавено:
5 јануари 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.571 пати