Понеделник во модерна црна комбинација
•
23 јануари 2017
Првиот ден од работната недела поминете го во стилска комбинација составена од најмодерниот џемпер сезонава со впечатливи големи врвки во предниот дел. Комбинирајте го со овие едноставни фармерки во светла нијанса и кул лакирани мартинки кои се совршени за ова време од годината. Денеска целото внимание е свртено кон ова шик капутче во темно сива боја со супер апликации по површината кое знаеме дека ќе го обожувате.
Имајте успешен старт на работната недела!