Тренд аларм: Комбинација со златни парчиња за впечатлив изглед

27 јануари 2017

Во пресрет на викендот, доколку ве очекува некој посебен настан или пак едноставно вечерта  сакате да ја поминете со вашите пријателки на вечера или во некое кафуле, тогаш ние ја имаме совршената комбинација за вас.

Иако празниците поминаа, тоа не значи дека не треба повторно да блескате. Она што ние ви го предлагаме како задолжително во годината што е пред нас се парчињата во златни нијанси како одговор на светкавиот тренд што го зафати модниот свет.

Денешната комбинација се состои од едноставни фармерки со висок струк и црна транспарентна кошула со впечатливи златни ѕвезди која е најубавото парче што ќе го видите денеска.

Во комбинација со истата, го носиме ова стилизирано палто во златна боја со црни рабови и џебови кои се совршен контраст на целосниот стајлинг.

Комбинацијата можете да ја носите за различни пригоди, односно таа е совршена за оние денови кога сакате да се чувствувате посебно на некој работен состанок, на ручек после работа или пак на некое вечерно излегување.

Комбинација: Fashion Group

Кошула, палто: Fashion&Friends

Модел: Соња Граждани

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка: Студио Инфинито

Објавено:
27 јануари 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.275 пати