Поинаква пролетна колекција на Манго
•
30 јануари 2017
За претстојната пролет, шпанскиот гигант Манго излезе од шаблонот на актуелните тенденции за годинава и во својата нова колекција покрај пастелните тонови, внесе и интензивен колорит.
Естетиката на која се базира оваа линија може да кажеме дека е комбинација на различни стилови: бохо, сафари и спортски сегменти.
Акцентот е ставен на волумензоните форми, широките ракави, лелеавите линии, како и нагласениот струк.
Кај чевлите пак, може да забележиме варијација од една до друга крајност, од сандали на екстремно високи рамни платформи до ниски чевли со шпицест врв.
Погледнете ја кампањата за пролетната Манго колекција за 2017.