Кејт Мос во есенската кампањата на Лиу Џо

15 август 2013

 

Кејт Мос е главниот протагонист во кампањата за есен-зима на Лиу Џо за 2013/14 година. Британскиот модел е амбасадор на италијанскиот бренд веќе три години, но сепак успева да изненади во секоја нова кампања на оваа модна куќа. Интересен микс на домашни ентериери, зачинети со обоени шик силуети.

 

 

Во новата линија Лиу Џо понуди чудесна палета на бои, кои во основа ги имаат неутралните тонови, фустани со долги ракави, блузи од тантела, кул твид  јакни, секси шорцеви, вечната класика-фармерките, како и чанти. Креативни комбинации кои го одржуваат балансот на комфор, стил и елеганција.

 

 

Објавено:
15 август 2013
Категорија: 
Колекции