Организација на моден настан: клучна е креативноста, неопходна е дисциплината

8 мај 2013

Организацијата на еден моден настан истовремено ги ангажира сите сетила, креативност, иновативност, време, дисциплина, професионалност и синхронизирана работа. Модните настани се одличен начин дизајнерот да го презентира својот труд, а модните организации да се надминат себе си во реализацијата.

Професионалната организација на секое модно шоу подразбира сериозна посветеност на секој сегмент кој ја сочинува комплетната програма.

 

Прецизирање на темата според која се води дизајнерската колекција за конкретна таргет група е неопходна основа врз која се гради целата модна приказна.

 

 

Следен чекор е да се организира тимот кој идејата би ја реализирал во едно професионално модно шоу во кое изборот на локацијата, сценографијата, аудио-визуелните ефекти и моделите би се поврзале во една хармонична целина.

 

 

Изборот на соодветни манекенки игра клучна улога во презентацијата на моделот. Со таа цел се организираат кастинзи и фитинзи преку кои секое уникатно дизајнерско парче го бара својот совршен спој со женското тело.

 

 

Добрата промоција на една модна колекција подразбира и презентација на истата во моден каталог преку кој ќе се пренесе пораката на дизајнерот до публиката.

 

 

На самиот ден на модното шоу многу е значајно добро менаџираниот тим да ги има сите аспекти под своја контрола: од пречекот на гостите до организација во backstage и совршениот изглед на сцената.

 

Објавено:
8 мај 2013
Категорија: 
Стории