Ретро тренд од 80-те: корсети

13 февруари 2017

Иако боемскиот и романтичен дух на 70-те години од минатиот век, се уште преовладува низ тенденциите за претстојната пролет-лето сезона, сепак видливо присутни ќе бидат и некои трендови што биле карактеристични за 80-те години.

Она што веќе е тенденција е комбинирање на корсетите во нашите секојдневни аутфити.
Корсетите и широките ремени веќе се ултимативен моден хит, а начините како ќе ги имплементираме во нашиот имиџ, остануваат на нашата инвентивност и креативност.

Веќе може да забележиме, дека во уличната мода омилени комбинации се оние на корсети на врзување со обични бели маички, најчесто во широк, предимензиониран крој.

Но, корсети или широки ремени ќе носиме и врз омилените класични кошули на пруги или пак комбинирани со сакоата или пролетните мантили.

Еве неколку дополнителни идеи:

Објавено:
13 февруари 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
605 пати