Шик балонери од новите пролетни колекции

16 февруари 2017

Одредени парчиња во машкиот и во женскиот гардеробер се секогаш вредни за инвестиција поради нивниот безвременски дизајн.

Меѓу таквите се и шик балонерите кои благодарение на нивниот класичен изглед, практичност и едноставност, остануваат помеѓу омилените парчиња облека независно дали се работи за машка или женска гардероба.

Оваа пролет повторно ќе бидат една од носечките тенденции, а во своите понуди ги најавија речиси сите луксузни и high street брендови.

Доминираат оние модели во земјени тонови, но исто така ќе бидат застапени и нежните пудрести тонови на розова и сина, класичните модели во црна боја, како и џинс варијантите.

 

Објавено:
16 февруари 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.993 пати