Мартин Гарикс во Скопје

21 февруари 2017

Мартин Гарикс  доаѓа на Skopje Calling 2017.

Конечно сите детали се познати  околу  влезниците за претстојниот спектакл Skopje Calling 2017, на кој како хедлајнер е веќе најавен #1 world dj MARTIN GARRIX.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре (22.02.2017) точно во 09 часот наутро, преку системот Купи Карти За Се, како и преку глобалната мрежа на Eventim во Србија, Хрватска, Бугарија...

Билетите ќе бидат по следниве цени и категории:
Партер- 1000 денари
Фан пит- 1500 денари
ВИП- 1500 денари
Ултра ВИП- 2000 денари

ВИП И Ултра ВИП влезниците ќе се продаваат единствено  преку резервации, на телефонскиот број: 077/945505 (секој ден од 10 до 16 часот, освен сабота и недела) и на следниве email адреси: avalonmkevents@gmail.com и contact@kupikartizase.com

Иако има само 20 години, Мartin Garrix во моментов не само што е број 1 светски диџеј и официјално, туку тој и со години наназад е неизоставен дел на сите големи фестивалски сцени во светот и тоа: Coachella, Ultra Music Festival, Tomorrowland и други, каде настапува единствено како хедлајнер. Светската слава ја стекнува на 17 годишна возраст, со мега-платинестиот хит „Animals", а во моментов е актуелен со хитовите „In the name of love" со Bebe Rexha и „Scared to be lonely" во соработка со популарната Dua Lipa, кои буквално ги покорија сите европски и светски топ листи.

Пред диџеј сетот на Garrix, на фестивалот Skopje Calling 2017 ќе настапат и повеќе имиња, меѓу кои и уште еден светски артист, како и диџеи од регионот кои ќе ја отворат вечерта.

На спектакуларниот настан SKOPJE CALLING 2017 се очекува да присуствуваат повеќе од 25 илјади посетители од целиот регион, бидејќи засега, ова е навистина ексклузивен настап на MARTIN GARRIX во регионот.

Одиме понатаму,
Авалон Продукција

 

Објавено:
21 февруари 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
243 пати