Слушнете како звучи „Left outside alone“ во изведба на Влатко Лозаноски
По повод концертот на една од најдобрите светски поп изведувачи Anastacia, македонскиот пејач Влатко Лозаноски се потсети на хитот со кој што растеше и тој, но и неговата генерација „Left outside alone“.
Пејачот објави видео на кое изведува дел од песната и ги кани сите на незаборавниот концерт на поп дивата овој вторник во Вип Арена Борис Трајковски.
По фантастичната Ultimate Collection Tour во 2016/2017 година, со 110 продадени концерти, Anastacia се одлучи за големo враќање на светската поп сцена со нов, седми по ред албум насловен Evolution.
Освен песните од новиот албум, на 15 – ти во Борис Трајковски, ќе се потсетиме и на останатите големи хитови кои што одбележаа цела една музичка кариера како: Left outside alone, Sick and tired, Paid my dues, I’m Outta love…и многу други.
Влезниците за концертот на Anastacia можете да ги најдете во продажната мрежа на Купи карти за се, по цена од:
- ПАРТЕР: 1000 денари
- ФАН ПИТ: 1500 денари (во ограничен број)
- ТРИБИНИ: 1200, 1500, 2000 и 3000 денари
Организаторите на концертот, Прагма Продукција, велат дека ова е концерт од светски калибар затоа што Anastacia во текот на целата своја турнеја патува со своја продукција. Тоа значи дека македонските фанови на Anastacia, но и останатите љубители на добриот звук и светло, ќе уживаат во концерт ист како и во останатите светски метрополи.