Дизајнерите внимаваат на вашиот грб

16 август 2013

За комплетниот впечаток на еден модел,  дизајнерите покрај за предницата, исто толку внимание посветуваат и на деталите во задниот дел кај грбот. Овој период  тоа е особено впечатливо.

Интересни детали на грбот можат да се забележат кај дебитантската колекција на Александар Ванг за Баленсиага, а во последната кутур колекција на Диор акцентот беше ставен на контрастно вкрстените ремени, додека женствените модели на Нина Ричи се финиширани со романтични панделки.

 

Објавено:
16 август 2013
Категорија: 
Тренд