Парче мебел што ќе ја направи секоја спална соба гламурозна!

14 март 2017

Ако оваа пролет решивте на домот да му дадете сосема поинаков изглед и да го освежите со некои нови идеи, тогаш ова е вистинскиот текст за вас.

Внесете свежина и шик детали во спалната соба како една од омилените за одмор, со ова парче мебел кое дефинитивно ќе го разубави секој агол – штендерот за облека.

Вашата соба во истиот момент ќе се претвори во шик и гламурозно катче кое ќе го обожавате во било кое време од денот.

Покрај тоа што штендерот навистина супер изгледа, истиот е многу корисен особено во оние утрински моменти кога немате доволно време да разгледувате и одбирате облека од плакарот.

Подгответе ја конкретната комбинација уште од вечерта и закачете ја на штендерот со што ќе заштедите време и нервоза во утринските часови кога секогаш некаде брзаме.

На пазарот денеска има голем избор на штендери, зависно од моделот, големината, обликот и бојата што ги сакате, па така без проблем ќе го најдете совршениот ако одвоите малку време.

Светлите нијанси на штендери секогаш изгледаат ексклузивно и гламурозно во секоја соба, додека потемните даваат некоја доза на мистичност и елеганција.

Она на што треба задолжително да внимавате е истите да не ги преполните, бидејќи тие можат многу лесно да се оштетат и повеќе да не ви служат.

Одберете неколку најдраги комбинации за во текот на неделата или пак само за следниот ден и скратете го времето на подготовка во утринските часови кога имаме многу малку време.

Во галеријата погледнете неколку инспирации од социјалните мрежи и почнете со потрага по вашиот омилен уште денеска. 

Објавено:
14 март 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.647 пати