Што треба да направите десет дена пред заминување на одмор?

24 јуни 2014

Токму затоа ќе ве советуваме како да ја заштитите кожата од сончевите зраци и како полесно да потемните. Пред се треба да знаете дека желбата за добивање на чоколадна боја по брз пат може да ви донесе само негативни последици, а доколку имате трпение и сакате да добиете боја која ќе ви трае подолго, сончајте се во претпладневните или попладневни часови и тоа започнете со изложување на сонце 10 минути, а секој ден продолжувајте за минута подолго.

Зголемете го внесувањето на витамин C во организамот кој влијае во отворање на ќелиите, ја штити кожата од сушење и создава колаген и еластин кои се намалуваат од зрачењето од сонцето. Пијте поголема количина на вода пред и за време на летувањето, односно од шест до осум чаши вода со цел да не се намали хидратантноста на кожата

Никако не заминувајте на одмор без лосиони и креми со заштитен фактор кои дополнително ќе ја хранат и штитат кожата од сушење и иритација. Доколку сакате инстант решение, тогаш пред одење на одмор ставете крема за самопотемнување, која го стимулира лачењето на меланин и на тој начин многу полесно ќе потемните.

Објавено:
24 јуни 2014
Категорија: 
Убавина
Тагови: 
кожа тело одмор