Дочекајте ја пролетта спремни со совети од стручни лица

14 февруари 2014

Во текот на зимата кожата е посува бидејќи седиме во топла просторија и потоа директно се изложуваме на ладно време. Поради дехидрацијата истата создава брчи кои се тешки за отстранување. Токму затоа стручните лица ни понудија совети од кои нема да имаме потреба да одиме на козметички третмани, туку ќе можеме сами да се доведеме во состојба на задоволство и восхитување од постигнатите резултати.

Сменете ја исхраната

Поради ниските температури доаѓа до сушење на кожата и затоа е потребно да се промени исхраната и во неа да се внесат продукти кои во себе содржат Омега 3 масни киселини кои ги има во морската риба, морските плодови, зеленчукот и житариците. За здрава кожа се препорачува јадење на ореви и барем еднаш неделно рибата да ја вметнете во исхраната.

Користење на правилна козметика

Козметичките препарати кои во себе содржат алкохол дополнително ја сушат кожата и затоа е препорачливо да користите креми со хранливи состојки и кои ќе ве заштита од УВ зрачењето. Бидејќи во текот на зимата многу полесно пука кожата и се појавуваат црвенила, добро би било барем еднаш неделно да правите масажа на лицето со крема со колаген или пак со масло. Правете нежни кружни движења околу лицето со цел да ја зголемите циркулацијата и користете производи кои во себе содржат невен, зелен чај или камилица.

Заштита на кожата околу очите и устата

Бидејки кожата околу очите е многу потенка и лесно склона кон правење брчки, треба да се негува со нанесување на масни и интензивни производи, кои во себе содржат А и Е витамини. Во текот на зимскиот период треба да се избегнува користење на сјаеви за устата и да се заменат со масни балсами. На овој начин се штити кожата од појавата на херпеси кои се честа појава при паѓање на имунитетот и не заборавајте, потребен е долг и квалитетен сон.

Физичка активност

Не бидете како најголемиот број девојки кои решаваат да вежбаат еден месец пред одмор, туку започнете си на време без разлика дали ќе биде тоа дома или пак во теретана со пријателките.

Објавено:
14 февруари 2014
Категорија: 
Убавина