dm drogerie препорачува: Производи Балеа за совршено чисто лице!

6 март 2015

Ден пред викендот кога завршувате со сите работни обврски, конечно е време да размислите што ќе направите за себе во текот на слободните денови.

Доколку решивте да издвоите неколку часа за нега на вашето тело, dm drogerie markt ги имаат вистинските совети за тоа.

Нивната козметичка линија Балеа, ги содржи сите производи за правилна нега на кожата на лицето и телото. Викендов целосно посветете му го на освежување на лицето со неколку клучни производи од Балеа.

Еден од најважните чекори до негувана кожа е дефинитивно правилното чистење на лицето. Средствата за чистење секогаш се бираат во зависност од типот на вашата кожа.

За пределот околу очите, користете двофазни отстранувачи на шминка кои покрај стандардниот дел што ја отстранува и водоотпорната шминка, содржат маслен дел што ги негува трепките и кожата.

Доколку имате сува кожа, користете млеко или кремасти гелови за чистење лице што не содржат алкохол. Ако имате пак масна кожа, вашиот избор нека биде гел за миење на лицето.

За многу нови совети и препораки од тимот на dm drogerie markt, продолжете да нѐ читате!

Објавено:
6 март 2015
Категорија: 
Убавина