Нега со топла и ладна вода

29 април 2013

Водата е неопходна и основна состојка за нега на кожата. Треба да знаете како да го негувате лицето во зависност од типот на кожата.

Масна кожа – лицето мијте го со топла вода за да ги отворите порите и избегнувајте производи за чистење кои во себе содржат алкохол. Наутро исчистете го лицето од маснотијата која се собрала во текот на ноќта. Потоа со коцки мраз поминете низ лицето , за да се затворат порите и да се спречи продор на нечистотијата.

Сува кожа – прво лицето измијте го со топла вода, па ставете топла крпа на лицето. Тоа ќе помогне кожата да ги впие сите хранливи состојки од кремот или хранливата маска.

 

 

Чувствителна кожа – никогаш не се мијте со врела, туку со умерено топла вода. Немојте да користите производи за чистење со гранули кои може да ја иритираат кожата, туку со препарати кои се предвидени за вашиот тип на кожа. За да го ублажите црвенилото, на памук ставете мала количина капки за очи и нежно поминете низ деловите кои се зафатени со црвенило.

Објавено:
29 април 2013
Категорија: 
Убавина