Понекогаш ни третманите не можат да помогнат да имате чиста и блескава кожа. Сепак ние ќе ви спомнеме неколку совети кои може да ви помогнат во остварување на целта.
Мијте се со ладна вода
Лицето мијте го дневно три пати со ладна вода. Притоа добро би било да правите пилинг на лицето, а доколку имате проблем со акните употребувајте антибактериски производи за чистење, но избегнувајте сапуни кои лесно ја сушат кожата.
Тријте го лицето со топла крпа
Земете чиста крпа и натопете ја во врела вода. Ставете ја на лицето да постои неколку минути и ќе имате блескава кожа бидејќи ќе се отворат порите на лицето и ќе се исчистат сите нечистотии.
Мијте ги рацете
Водете сметка за тоа лицето никогаш да не го допирате со нечисти раце. Пред секое миење на лицето, прво добро измијте ги рацете.
Лимонот како козметички производ
Доколку имате проблем со акните или имате црвенила на лицето земете парче лимон и тријте го лицето со него. Лимонот е добар за отстранување на мртвите клетки, добро е да се користи овој третман еднаш неделно, а потоа нанесете на лицето хидратантна крема.