Еве кои актуелни фризури ги најавува есента

16 август 2013

Долгиот коњски опаш се уште ин

 

Lanvin Lanvin

Moschino Moschino

Позицијата на опашот останува иста како во летните денови, но текстурите се драстично променети. Кај Ланвин и Рејчел Зое, косата е замазнета во задниот дел додека прамените коса од напред се лежерно тргнати зад уво. Острото разделување на патец и строгите форми се карактеристични од ревиите на  Клое и Александар Ванг, а волуменозните и женствените верзии на коњско опавче ги забележавме во колекцијата на Ралф Лорен.

Многу волумен

 

Marc by Marc Jacobs Marc by Marc Jacobs

Diane von Furstenberg Diane von Furstenberg

Расчешланите кадрици се секогаш секси и романтични. Нема да погрешите ако ја направите вашата коса во ваква форма, не се штедете да ја зголемите повеќе од нормалното, зашто на тој начин ќе го постигнете тренди ефектот. Ваквите волуменозни форми на писта ги применија Никол Милер, Изабел Марант, Маркс Џејкобс и Ботега Венета.

Коса како на палжа

 

Christian Dior Christian Dior

Alberta Ferretti Alberta Ferretti

Мокрите прамени кои опуштено паѓаат или се строго залижани зад ушите, доживеаја огромна популарност. Изгледот како да сте излегле од под туш е ин, затоа заштедете од вашето време, исчешлајте ја косата после капење, малку дадете и насока и спремни сте за излез.

Никде без плетенки

Valentino Valentino

Rodarte Rodarte

Плетенките беа и ќе останат актуелни. Сите можни верзии ви се на располагање, од раскошни до строго сплетени, единствено што ви треба е долга коса.

Неизбежната пунџа

 

Nina Ricci Nina Ricci

Anna Sui Anna Sui

Малато архитектонско уметничко дело ги прошета пистите- пунџата. Се само не класични, разбранувани од фантазијата на фризерите кои ги применија на ревиите од Долче и Габана и Нина Ричи.

И за крај-шишки

 

Dries Van Noten Dries Van Noten

Marni Marni

Веќе ви ги најавивме шишките направени на страна, но стилизирани од долг прамен коса. Ако се одлучите да ги потстрижете и тогаш нема да погрешите, тие се уште се актуелни.

Објавено:
16 август 2013
Категорија: 
Убавина