Ирина Шајк и Бредли Купер станаа родители
•
10 април 2017
Позната двојка, руската манекенка Ирина Шајк и холивудскиот актер Бредли Купер, станаа родители, пренесува магазинот People.
Иако тие сè уште официјално не ја потврдиле информацијата, магазинот пренесува дека Ирина се породила пред две недели, но сите детали, вклучително и полот на бебето, се чуваат во тајност.
Тоа воопшто не е изненадувачки со оглед на фактот дека познатата двојка сериозно ја чува својата приватност од јавноста.
Инаку, Ирина ја објави веста за својата бременост на крајот од минатата година, кога на пистата на шоуто на „Викторија сикрет“ се појави со веќе заоблен стомак, а после тоа нејзините агенти за односи со јавноста и официјално потврдија дека парот го очекува нивното прво дете.