Официјално е: Се разделија Бредли Купер и Ирина Шајк

7 јуни 2019

После бројните шпекулации, стаса и официјалната потврда: Бредли Купер (44) и Ирина Шајк (33) се разделија. Информацијата ја пласираше магазинот „Пипл“, од каде велат дека двојката после четири години заедништво одлучила да се раздели, но дека ќе дадат сè од себе ништо да не ѝ недостасува на нивната ќерка Леа Де Сајн.

Сè уште не е познато кој ќе го добие старателството, но и двајцата се сложни дека заеднички сакаат да се грижат за неа.

За потсетување, тие почнаа да се забавуваат во 2015 година, во 2016 се свршија, а ѝ посакаа добредојде на Леа во март 2017 година.

Двојката се потруди да го зачува својот приватен живот, за што говори и фактот дека нивните ПР лица се уште не се огласиле на темава, но веќе сите светски познати магазини ја потврдија оваа вест.

 За сега уште не се познати причините поради кои двојката која важеше за една од најскладните се разделува, но гласините започнаа по филмот на Бредли и Лејди Гага, како и озборувањата дека тие се во емотивна врска.

Иако Гага ги демантираше гласините, односнот на Бредли и Ирина беше постојано набљудуван, а сега конечно и пристигна потврда за разделбата, но не и дека пејачката е виновна за тоа.

„Работите станаа тешки уште пред филмот, но посветеноста негова на филмот ги направи работите дома уште потешки. Дополнителните и константни гласини за врската со Лејди Гага, во момент кога работите дома не се добри, не помагаа. Но, не е Лејди Гага проблемот. Тие имаат проблеми и како родители и како професионалнци и постојано се расправаа. Нивните расправии беа толку чести што размислуваа да се разделат дури и за време на екот на филмот. Сепак, одлучија да го одложат, за да не се оттргне вниманието од филмот. Тие се обидоа да ги решат работите, затоа и се уште ова не го нарекуваат разделба, но работите не изгледаат добро“, вели добро упатен извор за „Перес Хилтон“.

 

На крајот, во медиумите осамнаа и информации дека таа се иселува од куќата што ја делеа со Бредли Купер. Рускиот модел изгледа го напушти познатиот актер, а притоа е фотографирана без свршеничкиот прстен на раката.

фото извор: mirror.co.uk

„Се трудат поради нивната ќерка која многу ја сакаат, но никој од нив не е среќен и работите воопшто не се добри“, вели извор за „Ју Ес Викли“.

Она што се чека е потврда од ПР менаџментот на двојката. 

Објавено:
7 јуни 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
7.827 пати