Лејди Гага го остави дечкото поради Бредли Купер?!

15 февруари 2019

На неодамнешните „Греми“ награди, Лејди Гага се појави сама и без свршеничкиот прстен. Тоа беше сосема доволно за да почнат озборувањата дека Стефани и Кристиан Карино не се веќе заедно. 

Веста ја објавија сите познати магазини во светот. Сомнежите уште повеќе се вжештија откако се дозна дека пејачката не го следи на Инстаграм, но останува прашањето дали тие и претходно се следеле.

Како и да е, оваа се уште шпекулација, ја разбранува твитер заедницата. 

И пред ова се зборуваше дека хемијата помеѓу Бредли Купер и Лејди Гага е неверојатна и надвор од филмот, но со ваквиот развој на настаните, сите веруваат дека Гага е лудо вљубена во актерот и тоа е причината поради која ја раскинува свршувачката. 

Во досегашните нивни појавувања, колку и да има луѓе присутни во просторијата, Лејди Гага го гледа само Бредли и му зборува. Нивниот заеднички настап на нејзиниот концерт во Лас Вегас е само уште една потврда дека односот меѓу нив има нешто повеќе од пријателство.

Сепак, Бредли од 2015 година е во брак со Ирина Шајк, со која има и дете. После Златните глобуси, низ социјалните медиуми кружеше и фотографијата на која Ирина ја мести вратоврската на Бредли, а Гага од страна незадоволно го игнорира тој момент.

Како ќе се одвиваат нештата понатаму и ќе следили официјална потврда за „сигнл“ статусот на Гага, останува да видиме. 

 

Објавено:
15 февруари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.250 пати