Вообичаено во кујните се имплементирани бели, дрвени и хромирани парчиња мебел...

Она што можеби не е толку често е употребата на мермерни површини. Како најава на луксузот и совршената софистицираност, парчињата креирани од мермер претставуваат елементи за кои повеќето кујни можат само да „сонуваат".

Без разлика дали се работи за црни или бели текстури, секоја мермерна плоча делува различно и беспрекорно, додека самиот ефект на сјајниот финиш сам по себе се истакнува. Мермерот денеска не е наменет само за работните површини или клупи за седење, овој материјал исто така може да се најде на столчињата, подовите, па се користи дури и при декорирање. Кујните кои можете да ги видите во галеријата покажуваат изобилство на начини на кои мермерот може да додаде класа и елеганиција на просторот за готвење, создавајќи исконски луксузен амбиент.

Повеќе за оваа содржина може да прочитате на овој линк.

Објавено:
11 април 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.386 пати