Погледнете ги првите фотографии на Патинсон за Диор

19 август 2013

rob-dior-3

Од модната куќа Диор се појавија првите фотографии на популарниот актер Роберт Патинсон во рекламната кампања за парфемот Dior Homme.

Првата фотографија со потписот на славната Нан Голдин, на која Патинсон седи на покрив на зграда и гледа во далечина, објавена е и на официјалниот Твитер профил на Диор.

„Живеј слободно, брзо и силно. Роберт Патинсон за Dior Homme. Останете со нас“, пишува до фотографијата.

На познатата француска модна куќа, своето лице го „дадоа“ и многу филмски ѕвезди, меѓу кои и Џад Лоу, Натали Портман, Алан Делон.. Видеото со рекламата треба да се појави во септември.

rob-dior-4
rob-dior-11

rob-dior-12

rob-dior-13

rob-dior-14

robert-pattinson-dior-gallery-aug-1

Објавено:
19 август 2013
Категорија: 
Актуел