Се продава куќата на Мерилин Монро

25 април 2017

Куќата на Мерилин Монро во шпански стил која е изградена 1929 година, повторно е на пазарот за недвижнини и тоа по цена од 6,9 милиони долари.

Вилата има две спални, една главна куќа и една гостинска кои се споени, базен и сето тоа датира од 1962 година.

По само 4 месеци поминати во куќата, Мерилин умира во својата спална соба.

Таа комплетно ќе се посвети на уредувањето, дури ќе оди во Мексико каде ќе го купи сиот мебел како и килимчиња кои ќе ги постави во сите соби од куќата.


Според Лајф магазинот непосредно пред нејзината смрт, таа ќе изјави: На оној кој ќе му се допадне мојата куќа сигурна сум дека ќе се сложуваме.


Автентичноста е задржана во целост, заедно со градината, влезот, дрвените тавани, реновирана е само кујната, а сето останато е избор на Монро. Велат дека при самото влегување во домот те обзема топлина, искреност и сакаш да останеш во неа што подолго.

Романтично, интимно и приватно. Овој дом кој се наоѓа во Брентвуд е единствениот што го имала во своја сопственост. Ќе го купи по совет на својот психијатар и ќе плати за него 75.000 долари според едни,според други 90.000 долари.


Во 2010 година беше продаден за 3.85 милиони долари, а сега се продава за 6,9 милиони долари.

Објавено:
25 април 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.222 пати