Добредојдовте во некогашниот дом на Мерилин Монро во Брентвуд

31 октомври 2014

Најпознатиот секс симбол на сите времиња, единствената Мерилин Монро стана светски позната по голем број филмски улоги, меѓу кои посебно се издвојуваат оние во филмовите „Some Like it Hot“ и „The Seven Year Itch“. Мерилин има живеено во 43 домови, но хациендата од 1929 година во Брентвуд е единствениот имот кој таа го поседувала.


Во 1962 година откако беше советувана од нејзиниот психијатар да намали со напорното темпо на живеење, Монро се повлекува во својот дом и најголем дел од времето поминува во уредување на градината. Куќата во Брентвуд ја купува за 90. 000 долари, а шест месеци, подоцна беше пронајдена мртва во домот на возраст од 36 години.


Куќата е на површина од 2, 624 квадратни метри со 4 спални соби и 3 тоалети и иако по смртта на актерката смени голем број сопственици, во 2010 година беше продаден по цена од 3, 85 милиони долари. Хациендата се опишува како редок бисер во Брентвуд и нуди вистински услови за топол и релаксиран дом, скриен зад високите порти.

Објавено:
31 октомври 2014
Категорија: 
Сцена