Пепи и Муто генијални!

26 април 2017

Краткиот филм на младиот режисер Георги Унковски „Пепи и Муто“ сега може да го погледнете онлајн, откако беше на неколку светски фестивали за краткометражен филм. Во продукција на „Фокус Покус“, овој краток филм во траење од 17 минути ќе ве насмее до солзи.

Не е проблемот кога прашувате зошто не се снима нешто или кога се ќе видите нешто од македонска продукција, не ви се допаѓа. Тајната е во добро сценарио и точен кастинг. Младиот Унковски ги има како талент двете работи. Веќе постои петиција,, онлајн да се снима серија што е одличен чекор. Направете си пауза од 17 минути и гледајте си на раат, нема да згрешите. Пепи и Сашко се маестрални.

 

Бејбимама

 

Објавено:
26 април 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.403 пати